Инфантино: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП 2026

Од:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека за две недели се пристигнати 150 милиони барања за купување влезници за Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

– Имаме шест до седум милиони билети во продажба, а за само 15 денови добивме 150 милиони барања за купување билети. Тоа се 10 милиони барања секој ден. Тоа покажува колку е моќно Светското првенство“, рече Инфантино, говорејќи на Светскиот спортски самит во Дубаи.

Претходно овој месец, навивачките групи ги критикуваа цените на билетите, кои беа неколку пати поскапи отколку за исти натпревари на Светското првенство во 2022 година.

ФИФА потоа воведе категорија на билети од 60 долари за да ги направи натпреварите подостапни за навивачите.

-Во речиси 100-годишната историја на Светското првенство, ФИФА продаде вкупно 44 милиони билети. Значи, за две недели би можеле да „исполниме“ 300 години на светски првенства. Замислете го тоа. Апсолутно е неверојатно, додаде Инфантино.

Според него, најмногу барања за билети дошле од САД, по што следуваат Германија и Велика Британија.

– Клучно е приходите генерирани на овој начин да се вратат во фудбалот низ целиот свет. Без ФИФА, немаше да има фудбал во 150 земји низ целиот свет. Фудбалот постои благодарение на овие приходи што ги генерираме преку Светското првенство и кои потоа ги реинвестираме низ целиот свет, заклучи Инфантино.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Иран дефинитивно ќе учествува на Светското првенство во 2026 година

Поскапеа билетите за финалето на Светското првенство поскапеа, сега чинат 10.990 долари

ФИФА објави: Утре во 17:00 часот започнува последниот термин за продажба на билети за Светското првенство

Предраг Петровиќ

Украина бесна на претседателот на ФИФА: Морален дегенерик

Катерина Ѓуровски

Инфантино „смени плоча“: Треба да се укинат санкциите на Русија!

А1он

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година