(ВИДЕО) Уапсен е монструмот што избоде баба пред 3 годишниот внук – пред 2 месеци излезе од затвор

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, во брза акција, му ставија лисици на рацете на Тихомир Крстиќ (44), човек чие име од вчера е синоним за лудило и суровост. Тој беше уапсен во населбата Раковица.

Тој се сомничи дека вчера околу 13 часот во влез од зграда ја избоде 67 годишната С.Ќ. пред очите на нејзиниот 3 годишен внук во мирен дел од Нов Белград.

С.Ќ. се враќаше од прошетка со својот внук, не сфаќајќи дека предаторот ја следи. Штом стапна на скалите, се случи насилен напад одзади.

Додека детето врескаше од ужас, напаѓачот не покажа милост. Од силата на првиот удар, бабата падна, ја удри главата од бетонот и се здобила со скршеница на карлицата. Додека лежеше неподвижна, Крстиќ продолжи да ја боде со ножот за да ѝ ја земе чантата.

Деталите за повредите што пристигнале утрово од Ургентниот центар потврдуваат дека Крстиќ дејствувал со несфатлива агресија.

Според официјалните податоци, несреќната жена доби дури седум убодни рани, од кои секоја била потенцијално фатална.

Она што ги запрепасти дури и најискусните истражители беше силата со која напаѓачот дејствуваше. Беа забележани фрактури на главата и ребрата на жената, предизвикани директно од убоди и удари.

Неофицијално, сечилото на ножот се скршило за време на нападот, а дебелата зимска јакна што ја носеше жртвата е единствената причина зошто сечилото не продре подлабоко до срцето и белите дробови.

По злосторството, напаѓачот избега кон населбата Звездара, каде што беше забележан синоќа, облечен во црн елек.

Тој е добро познат на надлежните органи, само пред два месеци бил ослободен од затвор, дознаваат српските медиуми.

Полицијата веднаш ги активираше сите ресурси, а граѓаните помогнаа во реконструкцијата на патот за бегство преку социјалните мрежи.

Драмата кулминираше во населбата Врачар.

Интервентната единица го блокираше целиот кварт, сомневајќи се дека бегалецот се крие во една од напуштените куќи.

Крстиќ утринава беше приведен без да може да се спротивстави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Разбојникот кој тешко повреди и ограби баба пред нејзиниот внук во Нов Белград се уште е во бегство

А1он

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Нападнат е фудбалерот Вујадин Савиќ

Тројца насилници натепаа жена во куќа во Белград, а сопругот го натераа да и ја сече косата со бонсек

А1он

Инцидент во Германија: Мајка и четири деца се тешко ранети, напаѓачот е во бегство

Лажна дојава за поставена бомба предизвика паника во Техничкото училиште во Нов Белград

Горан Наумовски