Исаија Томас, двократен НБА Ол-стар играч, ја изрази својата желба да се приклучи на тим од Евролигата.
Томас откри на социјалните мрежи, кратко по завршувањето на возбудливиот судир меѓу Монако и Реал, дека нема да има ништо против да се пресели преку Атлантскиот Океан.
„Размислувам да одам во Евролигата. Само сакам да играм“, напиша Томас на „X“.
Набрзо доби одговор од Малколм Делани, легендата на Евролигата.
„Забавно е, брате. Најдобрата атмосфера на светот“, Делани накратко ги објасни причините зошто треба да направи таков потег.
Томас испиша период во историјата на НБА, кога доминираше на НБА паркетите со својата висина од 1,75 во дресот на Бостон. Во сезоната 2016/17, заврши петти во гласањето за најкорисен играч во лигата, пред повредите да му ја попречат понатамошната кариера.
Покрај Масачусетс, тој играше за Сакраменто, Финикс, Кливленд, Лос Анџелес Лејкерс, Денвер, Вашингтон, Њу Орлеанс, Далас и Шарлот, како и за филијали на многу од тие тимови во „Г“ лигата.
