Зеленски: Работиме на пет документи што треба да обезбедат мир во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина во моментов работи на пет документи што треба да обезбедат мир во Украина, а билатералниот договор меѓу Украина и САД за безбедносни гаранции е „скоро готов“ и блиску до потпишување.

Одговарајќи на прашања од новинари, Зеленски рече дека во моментов се развиваат пет клучни документи, вклучувајќи билатерален договор за безбедносни гаранции со САД, мултилатерална рамка за безбедносни гаранции меѓу Украина, САД и Европа, како и документ за закрепнување и економски развој на Украина, познат како Патоказ за просперитет на Украина, објави Укринформ.

Според него, договорот со САД е „суштински завршен и е на маса“, додека одлуката за потпишување ќе зависи од форматот на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски додаде дека е подготвен да потпише билатерален договор со САД, но дека е потребно за ова дополнително да се разговара со Трамп.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик