Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Од:

Граѓаните кои со години работеа во американски фирми во Ирак и Авганистан денеска мирно протестираа на малиот градски плоштад во Куманово и побараа Управата за јавни приходи (УЈП) да ги ревидира известувањата за плаќањата за персонален данок на доход за период од 2020 година, наваму.

Граѓаните на почетокот на протестот јасно укажаа дека ниту е политички, ниту партиски мотивиран, туку исклучиво граѓански протест, преку кој најавија дека ќе ги користат правните механизми за решавање на состојбата.

Печалбарите кои со години работеа за американски компании велат дека УЈП им доставило известување за персонален данок на доход од шести месец-2020 година, период кога голем дел од нив воопшто и не биле во државата, поради пандемијата, кога воопшто немаше ниту авионски летови никаде во светот. За нив е нејасно зошто ретроактивно се спроведува наплатата, укажувајќи дека не се против даноци, дека парите се вложени во Куманово и се плаќани даноци по разни основи, на промет на имот, давачки, такси, придонес, сите тековни даноци. Во изјавата за медиумите посочија дека ако законот важел уште тогаш, требало и тогаш да добијат известување и да си платат данок.

-Проблем е што ние сме биле во тие земји повеќе од 183 дена годишно. Побаравме од МВР потврда дека сме биле излезени и надвор од државата, не ни даваат, иако имаме докази, печати и визи. Има луѓе што не стапнале во Македонија по девет месеци конкретно во пандемијата. Не сме против даноци, но не може УЈП да нè известува во период кога американски компании слават Божиќ и во период кога ние славиме празници. Станува збор за поголема група луѓе од 3 до 4.000 лица. Сигурни сме дека американските компании, за кои работевме, кои се исклучително респектабилни, кои остваруваат огромни приходи, сигурни сме дека си платиле данок во матичната земја, овде станува збор за двојно оданочување. Нè притискаат за десет дена да подготвиме сè, период кој заради празниците не можеме да го испочитуваме, изјавија Зоран Наковски и Жикица Миланов, од Куманово.

Печалбарите кажаа дека доколку знаеле за законот ќе си одвоиле пари да ги платат данокот, укажувајќи дека голем дел од нивните колеги ги потрошиле спечалените пари. За нив е нејасно зошто ретроактивно се наплатува и зошто МВР не ја издава потврдата кому секому му следува, покажувајќи македонски пасоши со излезени печати. Кажаа дека ќе побараат известувања од компаниите, ќе ги преведат и ќе достават до УЈП, но дека им е потребно време.

-Парите што ги спечаливме ги вложивме тука, во Македонија во Куманово, изградивме куќи, станови, ги школувавме децата, започнавме бизниси. Тие пари се слеваа на нашите сметки, со нив работеа македонските банки, не се „црни“ пари, спечалени со мака и потрошени како што треба, се ни е платено, кажаа кумановци. Тие изјавија дека имале работни визи кои ги спонзорирале компаниите за кои тие работеле.

Кумановци побараа од Министерството за финансии и од УЈП да ја стопира оваа акција, да им остави време компаниите да издадат потврди, за да може да ги достават, од МВР да им издаде потврди дека биле надвор од земјава 183 дена, покажувајќи визи кои важат во тие земји.

-Не бараме амнестија, не бегаме од обврски, бараме дијалог, порачаа кумановци, кои кажаа дека ќе ја продолжат постапката, користејќи правни механизми.

Инаку, во базите во Авганистан и Ирак за различни компании работеа од 15 до 20.000 кумановци изминативе 24-годии. Вакви даночни решенија примиле од три до 4000 лица од 200 евра па нагоре, што зависи од позицијата на работното место.

Би можело да ве интересира

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско