(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Од:

Со небулози не можат да се покријат системските пропусти за нефункционирањето на јавниот превоз, констатираше советничката од редовите на Левица во Град Скопје Евгенија Станкоска, коментирајќи ги предлог програмите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кои предвидуваат проекти за подигање на свеста за користење на јавниот превоз.

„Искрено, не сметам дека е соодветно да се троши време на банална програма. Сакам да ви прочитам само една точка. ‘Поддршка на проекти за подигање на свеста преку кампањи и друг вид на иницијативи за користење на јавниот превоз, користење на велосипедот како средство за превоз и подигање на свеста за јавната хигиена.’“

Според Станкоска, власта наместо да го лоцира коренот на проблемот, а тое е нефункционалниот јавен превоз, таа го лоцира проблемот во граѓаните.

„Не знам во кој град живееме? – Граѓаните чекаат 5-ка, чекаат 57-ца, чекаат 15-ка и чекаат по 45 минути или час. Граѓаните се многу повеќе од свесни дека треба да користат јавен превоз, но тој не е функционален. И вие, сега ќе решавате системски пропусти, со небулози. Покренувате иницијатива за подигнување на свеста на граѓаните.“

На крајот советничката од Левица истакна дека поради неможност да се направат конкретни реформи и промени, власта го обвинува поединецот, во насока дека граѓаните се криви за состојбата во јавниот превоз или со отпадот.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он