Еден од водачите на Исламска држава е уапсен во предградието на Дамаск

Од:

Сириското Министерство за внатрешни работи денес објави дека еден од лидерите на Исламска држава (ИСИС), Таха ал-Зуби, и неговите помошници се уапсени во предградието на Дамаск, и дека се запленети експлозивен појас и оружје.

Како што објави сириското министерство преку својот Телеграм канал, командантот на внатрешната безбедност во покраината Дамаск, бригаден генерал Ахмед ал-Далати, изјави дека операцијата е спроведена по детално следење и интензивна разузнавачка работа и била насочена кон едно од скривалиштата на ИСИС во Муадамија.

Лидерот на организацијата во Дамаск, познат како „Гувернер на Дамаск“, Таха ал-Зуби, со прекар Абу Омар Табија, е уапсен заедно со неколку негови помошници, а за време на операцијата се запленети експлозивен појас и оружје.

Ал-Далати оцени дека оваа операција претставува силен удар врз Исламската држава и ја потврдува „високата подготвеност“ на сириските безбедносни служби да одговорат на секоја закана за безбедноста на покраината и нејзината околина.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху му се закани на Ердоган: „Не сакам да ја видам Турција на југот на Сирија“

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

ВИДЕО: Соборениот сириски диктатор Башар ал Асад осуден на смрт во отсуство

ВИДЕО: Израелците нелегално влегуваат во Сирија, сакаат да основаат еврејски населби

Катерина Ѓуровски

Иран погуби двајца осудени членови на „ќелија“ поврзана со ИСИС