Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

Од:

По повод новогодишните и божиќните празници, компанијата Мастербет реализираше хуманитарна донација од близу 400 новогодишни пакетчиња, наменети за поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст.

Меѓу активностите кои се спроведоа со поддршка на Мастербет беше активноста на Клиниката за детските болести каде беа поделени новогодишни пакетчиња на децата кои се лекуваат во оваа здравствена установа.

„Со оваа донација, даваме конкретен придонес во напорите на Црвениот крст за обезбедување празнична радост и поддршка за најранливите категории граѓани, особено за децата и семејствата кои имаат потреба од дополнителна грижа во овој период од годината“, вели Бојан Коцевски, управител на Мастербет кој исто така истакна дека општествената одговорност е важен дел од корпоративната култура на компанијата и дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат иницијативи кои носат реална вредност за заедницата, особено во периоди кога солидарноста и хуманоста се најпотребни.

Во знак на благодарност за континуираната поддршка и општествено одговорниот пристап, на компанијата ѝ беше врачена благодарница за време на Годишното собрание на Црвениот крст. Ова признание претставува потврда за успешната соработка меѓу двете организации и за значењето на партнерствата меѓу бизнис-секторот и хуманитарните институции.

Донацијата е дел од пошироките празнични активности со кои Мастербет ја заокружува годината, испраќајќи порака на грижа, заедништво и поддршка за сите оние на кои им е најпотребна.

Би можело да ве интересира

Американската и канадската војска ќе го следат летот на Дедо Мраз

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз

(ВИДЕО) Тепачка на Дедо Мразовци во продавница

А1он

Болничко образование за деца кои се лекуваат од канцер, ако има потреба ќе има домашна нстава за повредените во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски