(ВИДЕО) Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух

Од:

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во Република Македонија.

Мециновиќ нагласи дека во говорот на Давкова сосема изостана осврт кон уништувањето на реките, загадувањето на воздухот и системското разорување на животната средина, што претставува политичка порака дека загадувањето, зголемените заболувања, доминацијата на интересите на крупниот капитал над здравјето на граѓаните се прифатливи и нормализирани.

Тој сублимираше дека ова претставува морална мапа за ургентните прашања, и дека сведочиме на апстрактни говори за стабилност и глобални климатски промени, преку кои всушност се избегнува соочување со конкретните причинители и одговорности кај нас. Таквиот пристап ја штити нерегулираната индустрија и интересите на крупниот капитал, а штетата по граѓаните се третира како колатерална и неизбежна.

Дополнително, иронично, зад говорите за енергетска независност истовремено застана реалноста на поскапена струја и продлабочена енергетска сиромаштија, што повторно покажува отсуство на приоритети насочени кон граѓаните. Затоа, пратеникот од Левица најави и итна законска интервенција како одговор на енергетската криза во која државата веќе се наоѓа.

Би можело да ве интересира

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он