ВИДЕО: Хаос во турскиот парламент, се истепаа пратениците на власта и опозицијата

Од:

Пратениците на владејачката партија и опозицијата се судрија во Големото национално собрание на Турција по жестока расправија околу наследството на основачот на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк, пренесуваат регионалните медиуми.

Инцидентот се случил за време на дебатата за предлог-буџетот за 2026 година, кога расправијата прераснала во физичка пресметка, со туркање и размена на удари меѓу пратениците.

Судирот избувнал откако пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Мустафа Варанк, упатил обвинувања кон лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Озгур Озел. Реагирал заменик-претседателот на пратеничката група на ЦХП, Гохан Гунајдин, обвинувајќи ја АКП за намерно разгорување тензии за време на буџетската дебата.

По ескалацијата на обвинувањата поврзани со Ататурк, избувнала физичка пресметка која траела околу десет минути, додека обезбедувањето и дел од пратениците се обидувале да ја смират ситуацијата.

И покрај инцидентот, парламентот продолжил со работа. Предлог-буџетот за 2026 година беше усвоен со 320 гласа „за“ и 249 „против“, додека финансискиот извештај и конечниот буџет за 2024 година поминаа со 316 гласа „за“ и 247 „против“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поздрави усвојувањето на буџетот, наведувајќи дека очекува тој да придонесе за економскиот развој на земјата.

Би можело да ве интересира

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

(ВИДЕО) Драма кај Мармарис: Потона туристички брод со 148 патници, луѓето скокаа во морето

Горан Наумовски

Турската полиција со солзавец упадна во седиштето на опозицијата

А1он

Детали за пукањето во Турција – jа уби поранешната сопруга, пa следуваше крвав поход

А1он

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он

Фидан: Израелскиот експанзионизам е клучниот безбедносен проблем во регионот