Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Од:

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска два дена по ред потсетува и прашува што станува со кривичната пријава која ја поднесе за утврдено загадување.

„Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE, Цементара Титан Усје е идентификувана како еден од најголемите извори на загадување со ПМ2.5 честици, рангирана меѓу првите 10% емитери на ГЛОБАЛНО ниво.
ПМ2.5 честиците се меѓу најопасните за здравјето, при што предизвикуваат сериозни срцеви и белодробни заболувања, особено кај децата, повозрасните и хронично болните.

Пред 3 години лично поднесов КРИВИЧНА ПРИЈАВА за утврдено загадување, но Јавното обвинителство до денес нема преземено никаква постапка против Титан Усје. Овој молк е подеднакво загрижувачки како и самото загадување.

Дополнително, достапните докази на платформа Climate TRACE покажуваат дека нивното загадување не е локализирано само на Скопје, со што негативното влијание врз здравјето и животната средина се шири низ Македонија“, напиша во петокот Арсовска, по најавите за протести против загадување од УСЈЕ.

Вчера, Арсовска продолжи со повикот.

„За ТИТАН УСЈЕ, Јавното обвинителство 3 години сеуште нема постапено по КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА која ја поднесов по утврденото загадување од нивна страна.

Цементарата ТИТАН УСЈЕ согорува 4400 тони отпад годишно и е НАЈГОЛЕМ увозник на ОТПАД во Македонија.
Прашајте ги барем од Јавното обвинителство до каде се со постапката, бидејќи за политички цели постапуваат ИТНО, а кога животот на сите ни е загрозен од секојдневно труење СИ МОЛЧАТ“, напиша Арсовска.

Би можело да ве интересира

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ