ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Од:

Клиниката за гинекологија каде почина новороденче денеска преку соопштение до медиумите информира дека обдукцијата покажала дека нема физичка повреда на било кој од органите и дека причина за смртта е респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието.

– По добивањето на резултатот од страна на Клиниката, семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправиности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок. Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството. Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба, стои во информацијата од ГАК.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција рече дека веќе е формирана стручната комисија и замоли да се почитуваат процедурите и да се причекаат извештаите од сите институции пред да се носи каков било заклучок, замолувајќи да не с еправи сензација од случајот.

Би можело да ве интересира

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Респираторна слабост причина за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија

Горан Наумовски

Полицијата во Словачка пронајде мртво новороденче во машина за перење

А1он

Тело на новороденче пронајдено во Грац, сомнежот е дека е убиено

А1он

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе

Мајката се породила дома, мртво новороденче донесено на Детска клиника

Катерина Ѓуровски