Во Шефилд e пронајдено тело на новороденче, засега седум лица се уапсени

Од:

Тело на новороденче е пронајдено во станбен комплекс во Шефилд, во делот на градот познат како Холивел Хајтс. Бебето било пронајдено во неделата, по дојава до полицијата, а на местото било констатирано дека е починато.

Поради сомнение за убиство биле уапсени седум лица на возраст од 15 до 38 години, објави „Скај њуз“.

Полицијата на Јужен Јоркшир официјално соопшти дека форензичката обдукција покажала дека причина за смртта биле убодни рани.

Од седумтемина уапсени, две лица, на возраст од 26 и 37 години, во меѓувреме биле ослободени со кауција. За останатите петмина осомничени, судот одобри продолжување на притворот.

Полицискиот увид и истрагата на местото на, како што е опишано, незапаметениот злочин, сè уште траат.

Главниот инспектор Том Вудворд изјави дека случајот е исклучително потресен за сите кои се вклучени во истрагата.

„Сите кои работеа на овој трагичен случај, од првите полицајци и болничари на теренот до детективите кои сега ја водат истрагата, се длабоко погодени“, додаде тој.

Според медиумските наводи, меѓу осомничените има лица за кои се тврди дека се припадници на словачката ромска заедница.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Кралот Чарлс со писмо за Хари и Меган: Една работа им останува трајно забранета

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Фокландите повторно во центарот на спорот: Британските десничари се закануваат со војска

(ВИДЕО) Го прашаа Путин дали Русија ќе гаѓа цели во Британија

Тензично во Ла Манш: Русија испрати вооружена придружба за руските танкери, Британците само ги следеа

Предраг Петровиќ