Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Од:

СДСМ повторно врши притисок врз медиумите и во оваа прилика уште еднаш укажуваме дека недоличното и каубојско однесување со закани кон медиумите нема да го толерираме во иднина. Посебно не закани од типот „Сите ќе одговарате“ упатени кон медиумите и новинарите, наши колеги, се вели во реакцијата на здружението на портали Онлајнмедиа.мк

„Правењето ‘државни непријатели’ од медиумите кај кои на некој од СДСМ не му се допаднал насловот е вршење притисок врз медиумите и нивно непотребно етикетирање.

Како здружение на онлајн медиуми, уште еднаш ја упатуваме СДСМ доколку смета дека некој медиум ја ‘преминал линијата’ да се обрати до соодветните регулаторни тела и до соодветните институции. Во спротивно, начинот на кој се обраќа и комуницира со медиумите ќе стане начин на обраќање и комуницирање на медиумите со СДСМ.

Во конкретниот случај, со насловите од кои едниот медиум е објавен од СДСМ, а другиот не, и повлекувањето паралела за некаков заговор против партијата, како здружение не гледаме ништо спорно. Медиумите имаат уредувачка слобода да креираат наслови, а СДСМ доколку смета дека нешто во тие наслови е лага или навреда, може да покрене постапка за што стоиме на располагање“, се вели во реакцијата на Онлајнмедиа.мк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија