Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Од:

Скопје утрово се најде на второто место на листата на најзагадени градови во Европа, според податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју-ер“ (IQAir).

Главниот град на Македонија е рангиран и на 15. место во светот, со индекс на загаденост од 159. Пред Скопје во Европа се наоѓа само Сараево, кое бележи значително повисок индекс од 297.

Според платформата, квалитетот на воздухот во Скопје моментално е во категоријата „нездрав“, а како главен загадувач се посочуваат ПМ 2,5 честичките. Нивната концентрација изнесува 66,4 микрограми на кубен метар, што е 13,3 пати над препорачаната годишна вредност според Светската здравствена организација (СЗО).

Сараево во моментов е втор најзагаден град во светот и прв во Европа. На врвот на светската листа се наоѓа Лахор во Пакистан, по што следуваат Сараево, Делхи, Дубаи и Калкута. На листата на најзагадени градови пред Скопје се и Кувајт, Багдад, Карачи и Сантијаго.

И мерните станици прикажани на страницата на Министерството за животна средина покажуваат загадување во Скопје и во уште неколку градови во земјава. Според мерењата, најлош во моментов е воздухот во Центар, категоризиран како „многу лошо“, потоа е Лисиче.

Големо загадување има и во Тетово, Кичево, Охрид, Велес и Битола.

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите