(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Од:

Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил фирмата да заработи над 90.000 евра. Спасовски како министер во МВР, имал добиено официјален извештај со констатирани неправилности, тој молчел и не го одземал овластувањето, со што директно ја злоупотребил службената положба. Инаку, на истиот овој технички центар, поминал технички преглед и автобусот на „Беса Транс“, кој се запали во Бугарија и наши 45 сограѓани загинаа. Доколку, Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби би била и спречена, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Исто така, Оливер Спасовски треба да одговори дали се има добро нафатирано тие 3 месеци со тоа што директно овозможил фирмата од Сарај да се стекне со противправна имотна корист од на 90.000 евра? Дали е точно дека Оливер Спасовски добивал сума на пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед и дали поради трагедијата во Бугарија во страв и паника од грижа на совест, го одземал овластувањето на фирмата од Сарај само три дена по трагедијата? Оливер Спасовски е уште една црна дамка на СДС, покрај Заев, Филипче, Ковачевски, Љупчо Николовски. Синоним на овие луѓе се зборовите криминал и корупција. СДС мора да се дистанцира и огради од овие луѓе, ако сака да остане на политичката сцена, нагласи Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Четворица адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

(ВИДЕО) Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО кои луѓе да се гонат, СЈО работело под насока на Заев и СДС

(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи