Недонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ. Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех. Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој. Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех, рече тој.
