Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 1.12.2024 до 15.5.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место негувател, информира МВР.

Според полицијата, пријавената овозможила лицето да се стекне со имотна корист од 164.824 денари.

Би можело да ве интересира

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип