Мадуро е спремен да ја напушти Венецуела со милионите долари приватно богатство

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро побара да му биде дозволено да ја напушти земјата со милиони долари приватно богатство, широка амнестија за неговите најблиски соработници и безбеден азил во пријателска земја, објави британската агенција Телеграф.

Според извори блиски до телефонскиот разговор меѓу Мадуро и американскиот претседател Доналд Трамп, договорот пропаднал бидејќи венецуелскиот претседател инсистирал на целосна амнестија за околу стотина врвни функционери на режимот.

Телефонскиот повик, кој траел околу 15 минути, открил длабоки разлики во ставовите на двајцата лидери. Додека Трамп, кој јавно го признава Едмунд Гонзалез за легитимен претседател на Венецуела по спорните избори во 2024 година, предложил Мадуро да емигрира во Русија или Кина, венецуелскиот претседател сакал да остане на западната хемисфера, по можност на Куба. Катар подоцна бил споменат како компромисна опција.

Откривањето на овој обид за таен договор доаѓа во време кога Вашингтон го зголемува притисокот врз Каракас. САД распоредија голема поморска сила на Карибите, а Трамп во вторникот изјави дека е „блиску“ до започнување напад на венецуелска територија.

„Знаеме каде живеат „лошите момци“ и ќе дејствуваме многу брзо“, рече американскиот претседател, додека неговите претставници рекоа дека Мадуро и неговиот најтесен круг живеат „на позајмено време“.

Би можело да ве интересира

Трамп со нова стратегија: „Договорот е веќе постигнат“

Горан Наумовски

Трамп: Куба наскоро ќе се распадне, повеќе не добива нафта од Венецуела

„Доста со наредбите од Вашингтон“: венецуелската лидерка со жесток говор се нафли на Белата куќа

Делси Родригез: Венецуела ќе соработува со сите земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина

Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме да се бориме

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта