Литванската влада планира да прогласи вонредна состојба

Од:

Поради континуираниот прилив на балони што го нарушуваат работењето на аеродромот во Вилнус, владата планира да прогласи вонредна состојба поради закана за цивилната безбедност, изјави денес советникот на литванскиот премиер Игнас Алгирдас Доброволскас.

„Владата се подготвува да прогласи вонредна состојба поради закана за цивилната безбедност“, рече тој, објави ЛРТ.

Поради опасноста што ја претставуваат балоните натоварени со шверцувана стока, аеродромот во Вилнус беше затворен неколку пати во последните месеци.

Воздушниот простор над аеродромот последен пат беше затворен во среда навечер, а особено интензивен напад од такви балони се случи минатиот викенд.

Како одговор на овие инциденти, владата одлучи да ја затвори границата со Белорусија за еден месец кон крајот на октомври.

Сепак, границата беше повторно отворена пред предвиденото за да се реши ситуацијата со превозниците што останаа во Белорусија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион излета од писта во Литванија

А1он

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО

Директна порака до Русија, границите ќе бидат смртоносни

Науседа: Вистина е, Путин полудел

Горан Наумовски

Пронајдено телото на четвртиот американски војник исчезнат во Литванија

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија