Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Од:

Во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „форд“ управувано од Л.Џ.(31) од с.Зајас и возило „ауди“ управувано од Л.Б.(23) од с.Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Би можело да ве интересира

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски