Маж e избоден до смрт во Виена, уапсени се Хрват и Србинка

Од:

Виенската полиција истражува убиство што се случи во округот на Виена. Тело на маж со повеќекратни убодни рани е пронајдено во стан, а маж и жена кои биле на местото на настанот се уапсени под сомнение дека го сториле злосторството, пишува Krone.at.

Полицијата била повикана во саботата околу 22.30 часот, по што полицајците биле итно испратени на адреса во Шрајгасе. Непознат маж лежел во станот, убиен со повеќекратни убодни рани од остар предмет.

Во станот биле и 56-годишен Хрват и 46-годишна Србинка. Според полицискиот извештај, двајцата биле под дејство на алкохол и биле уапсени под сомнение за убиство.

Првичните резултати од истрагата покажуваат дека е пронајдено и оружјето што било употребено за извршување на злосторството.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски