ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

Од:

Загрижувачки се информациите дека печката за производство на фероникел во ФЕНИ е изгасена. Овој факт сериозно укажува дека новиот инвеститор, нема намера да започне со рестарт на фабриката, заради временскиот период на реконструкција и пуштање повторно во употреба на истата, вели Вуко Мелов, претседателот на општинската организација на СДСМ од Кавдарци.

– Ова значи дека ФЕНИ ќе остане во целосен застој и понатаму, што претставува сериозна штета за еконосмкиот развој на градот и претставува слен удар за работниците од цлеиот регион.Пропаднаа сите изјави и најави на власта на ВМРО- ДПМНЕ, премиерот Мицкоски, градоначалникот Јанчев за наводен рестарт на компанијата. Власта ги остави работниците буквално на цедило. Иако во предизборните кампањи лесно власта даваше ветувања дека компанијата ќе ги исплати сите плати на работниците, ќе ги исплати сите доверители, и ќе започне за брзо со производство а со тоа ќе го врати работниците назад на своите работни места. Голем број од работниците останаа без работа, без егзистенција. Работниците останаа без една исплатена плата, на дел од вработените не им е исплатена ниту една од платите кои им се должат. Доверителите, транспортерите исто останаа неисплатени, рече Мелов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он