Јанкуловска: Судот во Стразбур ги потврди повредите на правично судење против мене, издржав неправедна драконска казна

Од:

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур утврдил сериозни прашања за можни повреди на правото на правично судење во нејзиниот предмет „Тенк“. Таа оцени дека ова претставува „потврда на беззаконието и политичката пресметка“ од страна на претходната власт, кое, според неа, било насочено лично кон неа.

„Поминаа речиси пет години од поднесувањето на апликацијата, а јас издржав неправедна и драконска казна. Штетата што ја претрпев на приватен и професионален план е ненадоместлива, но сознанието дека ЕСЧП ги препозна овие повреди за мене е мала сатисфакција“, напиша Јанкулоска.

Таа упати критики кон судијката која, како што рече, била „најмоќната алатка“ на политичките структури што ја воделе постапката. Јанкулоска додаде дека очекува конечно да има одговорност, иако, како што порача, „никој не може да му избега на судот на историјата“.

Јанкулоска беше упатена на издржување четиригодишна затворска казна во „Идризово“ во септември 2020 година, за набавката на луксузниот „мерцедес“ за потребите на Владата. Таа одлежа три години и еден месец, а од затвор беше ослободена во 2023 година. За истиот предмет е осуден и поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Катерина Ѓуровски

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски

Јанкуловска ослободена за „Тврдина“, за екс-разузнавачите Грујевски и Бошковски 24 години затвор

Катерина Ѓуровски

Титаник: Јанакиески доби најголема казна од 4,6 години, Протуѓер е условно, Јанкулоска 2,6 години затвор

Кристијан Ландов

Јанкулоска до инженерот од УБК: Зошто не ми кажа дека сум прислушувана

Виктор Јованов

Продолжи судењето за „Титаник“, се изведуваат материјални докази

Сандра Бошковска