Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Од:

Информации кои од Бихачка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДС, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДС, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија. Од сите страни се бараат реформи во СДС, но и оставка и одговорност од првиот човек на Бихачка, а само нему таа реалност не му одговара. Венко Филипче по се изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДС до ниво на статистичка грешка.Им порачуваме на СДС да си преземат иницијатива за итни реформи, на Македонија и треба силна опозиција, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот