Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Од:

Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто спаднаа на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје.Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– До нас стигнаа информации, дека Филипче имал проблем со формирање на ново раководство, поради тоа што СДС поради Филипче и неговиот ментор Заев, спадна на едвај 120.000 гласови. Дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДС, луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДС и поранешни активисти? Дали и некои од тие луѓе не сакале да бидат дел од раководството на СДС, затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник? Ова што му се случува на СДС не му го посакуваме никому. СДС важеше за партија со историја, кредибилитет и квалитетен кадар. Меѓутоа, она што Заев, Ковачевски и Филипче му го направија на СДС се должи на ароганцијата и предавствата што ги направија. Итни реформи во СДС и оставка на Филипче. На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ