ВИДЕО: Протест на Торцида во Сплит, се бара „ослободување на браќата“

Од:

Полицијата во Сплит денес извести дека протестот на навивачката група на „Торцида“ на „Рива“ поминал мирно, без инциденти или потреба од интервенција.

„Торцида“ организираше протест поради апсењето на маскираните мажи кои упаднаа во „Деновите на српската култура“ во општина Блатине, пренесе хрватски „Индекс“.

Градоначалникот од ХДЗ, Томислав Шута, ѝ даде дозвола на „Торцида“ да го користи пристаништето, а министерот Давор Божиновиќ рече дека протестот не треба да се регистрира, иако законот бара поинаку.

Синоќа, група од 50 до 100 маскирани мажи се собраа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што започнаа Деновите на српската култура со изложба за Дејан Медаковиќ.

Тие пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и „Зови, само зови“, а полицијата им ги проверуваше личните карти и ги следеше низ околните улици; Градоначалникот Томислав Томашевиќ остро го осуди собирот, велејќи дека „вечерва во Загреб се славеше НДХ“.

Денеска, просторот каде што е поставена изложбата го обезбедува полиција.

Според слободна проценка од теренот, на Рива имаше неколку илјади луѓе, објавува „Индекс“.

На звучникот беа пуштени „Били цвитак“ и „Моја Далмација“, како и песни од Марко Перковиќ Томпсон.

„Неправдата кон бранителот на Вуковар и двојните стандарди кон хрватскиот народ во нашата татковина и обидите за наметнување обрасци на големосрпската нарација преку медиумите и културата нè доведоа тука“, рече водителот од сцената.

„Хрватска му припаѓа на хрватскиот народ и на сите негови граѓани, но не и на оние што ја понижуваат“, додаде тој.

„Торцида“ разви голем транспарент: „Со херои до гробот“.

На крајот од митингот, членовите „Торцида“ отидоа пред судот и побараа „ослободување на браќата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Владата на Хрватска воведува посебни мерки поради антиспрските инциденти

ВИДЕО: Објавени снимки од упадот на маскирани мажи на Деновите на српска култура во Сплит

Педесетина маскирани мажи ги нападнаа Деновите на српската култура во Сплит, ја прекинаа програмата

Вооружен маж шета по улиците на Сплит, полицијата трага по него

ВИДЕО: Глисер се залета на брегот: Луѓето бегаа во паника

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме го зафати Сплит, оштетен е стадионот Пољуд

Катерина Ѓуровски