Мемов се дообјаснува: Ставот за ВРЕДИ бил лично негов, не на ЗНАМ

Од:

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов кој предизвика бурни реакции со објавата на социјалните мрежи во врска со коалицискиот партнер ВРЕДИ и нивниот придонес за изборот на Орце Ѓорѓиевски за граодначалник на Скопје, се огласи со дообајснување. Вели тоа било негов личен став, а не позиција на движењето ЗНАМ.

– Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, се вели во соопштението од Мемов до медумите.

Би можело да ве интересира

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

ВРЕДИ: Најостро ги осудуваме сите форми на закани и говор на омраза кон новинарите

А1он

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Бакиу: ВРЕДИ е втората политичка сила во Македонија

А1он