ВИДЕО: Русите лансираа нуклеарна подморница, го носи „оружјето за судниот ден“

Од:

Хабаровск – првата производствена подморница од нова класа дизајнирана да носи нуклеарни „гигаторпеда “ Посејдон беше лансирана завчера во руското бродоградилиште Севмаш во Северодвинск.

„Денес е голем ден за нас – тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач Хабаровск беше лансиран од познатото бродоградилиште Севмаш“, рече министерот за одбрана Андреј Белоусов откако командантот на морнарицата, адмирал Александар Мојсеев, го скрши традиционалното шише шампањ на трупот на подморницата, пишува The Barents Observer.

Руското Министерство за одбрана потврди на Телеграм дека новата подморница ќе носи роботизирани системи за оружје „за различни намени“. Главното вооружување на Хабаровск ќе биде Посејдон, „оружјето за судниот ден“ кое, тврдат Русите, никогаш порано не е видено.

Станува збор за беспилотно подводно возило во форма на џиновско торпедо, кое има свој нуклеарен реактор за погон и меѓуконтинентален дострел. Вооружена е со термонуклеарна боева глава и е дизајнирана за втор удар, односно за напади врз крајбрежни цели преку Атлантикот или Пацификот. Информациите дадени од руската страна за „оружјето за судниот ден“ не се независно потврдени.

Рускиот претседател Владимир Путин го објави развојот на ова оружје уште во 2018 година, а претходно оваа недела изјави дека „Посејдон“ е успешно тестиран, вклучително и стартувањето на неговиот реактор. Се претпоставува дека тестирањето се случило во Карското Море, источно од архипелагот Нова Земја.

Многу малку детали за новата подморница беа познати на јавноста пред лансирањето во саботата, иако нејзината изградба започна уште во јули 2014 година. Руската морнарица ја класифицира како „тежок ракетен крстосувач“, но всушност станува збор за сосема нова класа на подморница. Наместо крстосувачки или балистички ракети, „Хабаровск“ ќе носи до шест нуклеарни мегаторпеда „Посејдон“.

Фотографиите од церемонијата објавени од бродоградилиштето Севмаш го покажуваат само задниот дел од подморницата. Дизајнот на задниот дел од трупот е сличен на подморниците од класата Бореј-А, а делумно покриениот погонски систем е исто така видлив.

Министерот за одбрана Белошов нагласи дека подморницата „сè уште треба да помине низ серија морски испитувања“. За новите нуклеарни подморници, овој процес обично трае најмалку една година пред официјалното предавање на морнарицата. Во меѓувреме, изградбата на друга подморница од истата класа, која ќе се вика Улјановск, започна во 2017 година, но не е објавено кога се очекува да биде пуштена во употреба.

Се претпоставува дека една од овие подморници ќе служи во Северната, а друга во Пацифичката флота. Програмата за развој и тестирање на беспилотните подводни дронови Посејдон досега користеше модифицирана подморница од класата Оскар-II, Белгород, дизел-електрична подморница Саров и површински бродови Академик Александров и Звездочка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од кулата во Колосеумот во Рим се урна: Маж заробен под урнатините

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлозии во Русија, нападната рафинерија

Хорор во Велика Британија: Девет лица избодени во воз, здобиени со животозагрозувачки повреди

Предраг Петровиќ

Порака од Русија: Во моментов нема потреба Путин да се сретне со Трамп

Трамп нареди подготовки за напад

Предраг Петровиќ

Украинци се предадоа во Покровск, Киев забрзано го губи своето клучно упориште во Донбас

Предраг Петровиќ