Еден работник е хоспитализиран со сериозни повреди на главата, додека друг е заробен под урнатините по делумното уривање на средновековната кула која беше во процес на реставрација во историскиот центар на Рим, објавија италијанските медиуми.
Повредениот маж бил дел од тим работници кои работеле на реставрација на оваа средновековна утврдена кула, која се наоѓа во близина на Колосеумот и Римскиот форум.
Двајца други работници претрпеле полесни повреди, но одбиле да бидат однесени во болница, додадоа изворите.
Портпаролот на Националната противпожарна служба, Лука Кари, изјави дека службите за итни случаи ослободуваат едно лице кое било заробено под урнатините.
Live from site of a building collapse in Largo Corrado Ricci in #Rome https://t.co/SHjuEaVOmC
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 3, 2025
За време на спасувачката операција, друг дел од кулата се урна, но никој не е повреден.
Тројца работници, кои биле на скелето и останале заробени по уривањето, биле спасени со помош на противпожарно возило.
Три противпожарни бригади, карабинери и полиција интервенирале на местото на несреќата, објавува „Рома денес“ и додава дека на местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери.
Припадниците на локалната полиција го затворија просторот околу кулата додека трае операцијата за спасување на затрупаниот работник.
La Torre dei Conti ai Fori Imperiali, a Roma, è parzialmente crollata. Erano in corso dei lavori di ristrutturazione della torre. Sul posto sono presenti gli agenti della Polizia di Roma Capitale e sono in corso le verifiche per capire se ci siano persone coinvolte dal crollo.… pic.twitter.com/xGZjs9PkqU
— Repubblica (@repubblica) November 3, 2025
Причината за уривањето на кулата засега е непозната, а истрагата ќе ги утврди сите околности на инцидентот.
Кулата на грофовите (Torre dei Conti), висока 29 метри, не е во употреба од 2006 година, но се работи на нејзина реставрација во рамките на четиригодишен проект што треба да биде завршен следната година, соопштија властите во Рим.
Видеата на социјалните мрежи покажаа облаци прашина што излегуваат од прозорците на кулата, придружени со звуци од паѓање камења. Поради реновирачки работи, просторот околу кулата беше затворен за пешаци.
Зградата е изградена на почетокот на 13 век од папата Инокентиј III за неговото семејство.
