Украинци се предадоа во Покровск, Киев забрзано го губи своето клучно упориште во Донбас

Од:

Украинските војници почнаа да се предаваат во опколениот Покровск, објави руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија. Киев потврди дека се обидува да испрати дополнителни единици во градот за да го запре руското напредување, но призна дека ситуацијата е исклучително тешка.

ТАСС ги темели своите тврдења за предавањето на украинските војници на изјавите на двајца припадници на украинската армија кои се предадоа.

Според војникот на украинските вооружени сили Вјачеслав Кревенко, кој беше заробен во близина на Покровск, украинските вооружени сили се обидоа да организираат одбрана во таа област.

„Сфатив дека командантот нè напушти одамна. Мојот партнер и јас се обидовме да организираме одбрана во приватна куќа. Но, потоа решивме дека е подобро да се предадеме. Бидејќи немаше смисла да се спротивставуваме. Командантот нè предаде. Воопшто немаше смисла“, рече Кревенко.

Киев преку агенцијата Ројтерс објави дека се обидува да внесе дополнителни војници во областа со цел да ја зајакне одбраната и да спречи понатамошно руско напредување.

Руската армија се обидува да го освои Покровск, бидејќи бара целосна контрола врз регионот Донецк. Доколку градот падне, Москва би можела да отвори пат до Краматорск и Славјанск, кои се наоѓаат во истиот регион.

Два украински воени извори претходно изјавија за Ројтерс дека Украина испратила специјални сили во областа Покровск. Москва потоа објави дека елиминирала единаесет војници транспортирани со хеликоптер „Блек Хок“, што Киев го негираше. Русија дополнително тврди дека успеала да ги опколи украинските сили, што исто така го негира Украина.

Претседателот Володимир Зеленски сепак призна дека „неколку стотици“ руски војници влегле во градот.

Критичната ситуација ја потврдува порталот Live UA Map, кој на мапата го прикажува руското продирање во самиот центар на Покровск. Според таа страница, руските сили се приближуваат и кон градот Мирноград, кој се наоѓа во непосредна близина на Покровск.

Би можело да ве интересира

Порака од Русија: Во моментов нема потреба Путин да се сретне со Трамп

ВИДЕО: Мобилизиран украински адвокат со автомобил ги пробил граничните бариери и избегал во Унгарија

ВИДЕО: Елитни украински единици испратени да го бранат Покровск

ВИДЕО: Украина уништи клучен руски нафтовод во тајна операција во близина на Москва

ВИДЕО: Русија распоредила 170 илјади војници во Донецк, објави Зеленски

ВИДЕО: Имаме нукалеарна подморница до нивниот брег, Трамп му одговори на Путин за „летечкиот Чернобил“

Катерина Ѓуровски