Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела изнуда, како и за загрозување на сигурноста.

„Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, обвинетиот на 2 септември упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на оштетениот – градоначалник на Општина Неготино и неговото семејство, обидувајќи се да му изнуди сума од 3.000 евра. Оштетениот не постапил по барањето и случајот го пријавил во полиција.

Во периодот од 4.9-18.9, обвинетиот испраќал заканувачки пораки до градоначалникот со намера да го вознемири и заплаши, а дел од пораките ги адресирал и до официјалната адреса на општината, до адреси во МВР и до новинари. Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и за сопствената, но и за безбедноста на неговото семејство и за безбедноста на граѓаните на Неготино.

Надлежниот јавен обвинител со обвинението побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој постои реален ризик од бегство, бидејќи дел од неговото семејство живее во странство. Исто така, постојат околности кои укажуваат на опасноста тој да го повторува делото, па дури и да ги реализира заканите и изнудата. Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека истото лице веќе е осудено за кривични дела присилба и демнење на градоначалникот за кои му е изречена условна осуда и која обвинителството ќе побара да биде отповикана, бидејќи се уште не е поминат периодот на проверка, а обвинетиот врши нови кривични дела, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски