Рибар од Неготино е пронајден удавен во Вардар

Од:

Неготинец се удави во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска ја потврдија од Територијалната противпожарна единица во Неготино и Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР – Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К., 66-годишник од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката – информираа од СВР – Велес.

Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, неготинската Територијална противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица биле преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар.

Лекар од Итна медицинска помош – Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Во водите на Сава пронајдено безживотно тело на маж

А1он

Рибар од Дунав извлече сом долг 2,5 метри и тежок над 90 килограми

А1он

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски