Во водите на Сава пронајдено безживотно тело на маж

Од:

Безживотното тело на еден маж денес е пронајдено во реката Сава, кај местото Лијеви Дубровчак во близина на Иваниќ-Град, еден ден откако било пријавено неговото исчезнување.

Исчезнувањето синоќа го пријавил 34-годишен маж, кој на полицијата ѝ кажал дека последен пат го видел својот пријател вчера попладне, кога тој отишол да плива во Сава, кај Лијево Дубровчак.

По пријавата, полицијата веднаш започнала интензивна потрага по реката Сава и во околината.

Покрај Полициската управа на Загреб, во акцијата учествувале и други надлежни служби.

Припадници на антитерористичката единица „Лучко“ денес во раните попладневни часови забележале безживотно тело во реката и го извлекле на брегот.

Полицијата не соопшти колку години имал мажот чие тело е пронајдено.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски