Момче (9) ја уби мајка си затоа што не го пушти да излезе надвор со другарите

Од:

Момче (9) ја уби мајка си (37) откако таа не му дозволи да излезе надвор со другарите, пренесуваат бразилските медиуми.

Злосторството се случи пред еден месец во Сао Паоло, а детето нема да одговара за убиството поради неговата возраст.

Калина Аруда дос Сантос, како што пренесуваат медиумите, дојде во станот на својот поранешен сопруг за да го земе својот деветгодишен син, за да можат да си одат дома заедно. Момчето наводно побара да остане за да биде со својот постар брат и да излезе со него, но мајката не дозволи, туку рече дека мора да си одат дома.

Следуваше расправија меѓу мајка и син, по што момчето отиде во кујната и зеде нож, кој потоа го скри во ракавот од дуксерот.

Кога се вратил во ходникот, каде што стоеше мајката, расправијата повторно започна, а момчето го извади ножот и ја прободе мајка си во стомакот.

Најстариот син на Калина, Пауло (19), исто така беше во станот во моментот на ужасот. Тој го слушна врескањето на мајка си и се стрча кон вратата, несвесен што се случува. Потоа, во шок, го тргна ножот од раката на својот брат.

Калина беше итно префрлена во болница, каде што им подлегна на повредите.

Според локалните медиуми, момчето тешко ги повреди црниот дроб и бубрегот со сечилото.

Би можело да ве интересира

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Драма во Австрија: Три лица загинаа пред ресторан, маж ги уби ќерката и сопругата, а потоа се самоуби

Горан Наумовски

Драма во Бразил: Пукање во училиште, има мртви и ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион се урна меѓу згради во Бразил – има двајца загинати и тројца повредени

А1он

Убиената Елма го пријави сопругот за демнење, а тој ја уби со својот службен пиштол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ужасни детали од убиството на 14-годишното девојче за кое е обвинет пејачот Д4вд