„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија има намера да ги надгради своите вооружени сили во „најсилната конвенционална армија во Европа“, ветувајќи дека за ова ќе бидат обезбедени „сите потребни финансиски средства“.

Во документот од 39 страници се наведува дека 377 милијарди евра ќе бидат издвоени за купување оружје за копнените, воздушните, поморските, вселенските и кибер силите на германската армија, објавува бриселскиот портал.

Документот потврдува дека реформата и опремувањето на германската армија ќе бидат „цврсто засновани на домашната индустрија“.

Би можело да ве интересира

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето