Откако Наполеон ѝ наредил на својата војска да се повлече од Русија во октомври 1812 година, се случила катастрофа. Се претпоставуваше дека 300 илјади војници починале од глад, студ, исцрпеност и болести.
Истражувачите сега утврдиле дека за време на повлекувањето, војниците развиле две неочекувани болести од кои починале, паратифус и повратна треска.
„Клучните причини за неуспешното повлекување биле студот, гладот итн. Со или без заразни болести, тие би умреле секако. Но, она што го менува ова истражување е дел од нашето знаење за сите заразни болести“, рече Николас Раскован, раководител на одделот за микробна палеогеномика во Институтот Пастер во Франција и автор на студијата.
Во текст објавен во научното списание „Current Biology“, Раскован и неговите колеги опишаа како ДНК анализата на војници закопани во масовна гробница во Вилнус, Литванија, пронашла докази за присуство на тифус и повратна треска. Анализата е спроведена со помош на чувствителна техника, вгнездена PCR, која вклучува тестирање на примероци за специфични патогени.
Со разложување на геномот, тие успеале да пронајдат фрагменти од ДНК кои одговараат на која било од 185-те бактерии за кои е познато дека предизвикуваат болести кај луѓето.
Врз основа на ДНК од забите на 13 војници, било утврдено дека еден војник бил заразен со бактеријата Borrelia recurrentis, која се пренесува преку вошки и предизвикува повратна треска. Понатаму, четири војници биле заразени со бактеријата Salmonella enterica, која предизвикува паратифус, болест која се шири преку контаминирана храна или вода. Се претпоставува дека еден од овие четири војници може да имал и повратна треска.
Истражувачите велат дека нивните наоди се совпаѓаат со историските извештаи за симптомите на војниците на Наполеон, кои вклучувале треска и дијареја. Сепак, за разлика од претходните студии, во оваа не се пронајдени траги од бактерии кои предизвикуваат тифус и рововска треска. Сепак, Раскован истакна дека ова е случај само со војниците чија ДНК е анализирана.
Истражувачите спроведоа серија статистички анализи, така што нивните резултати беа веродостојни и укажуваа на реалната состојба, пишува весникот „Гардијан“.
