Камион удри во банкина на клучката „Хиподром“, возачот заврши во болница

Од:

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучката Хиподром, утрово од девет часот беше во прекин поради сообраќајка каде товарно возило „мерцедес“ удри во банкина.

Според информациите од СВР Скопје, во несреќата е повреден возачот на товарното возило, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот на овој дел од автопатот е во прекин. Возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје–Велес.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец