ВРЕДИ: Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна како кула од карти

Од:

Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна на 19 октомври како кула од карти. Победите на ВРЕДИ во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се јасниот одговор на Албанците на ПР-трикот „референдум“ што го трубеше мачното трио Ахмети-Таравари-Села со месеци, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

„Во Кичево се виде вистинското лице на старата политичка каста. Кога избувна скандалот, одговорот беше ист како 20 години по ред „да го поминеме и ова, како и секој друг пат“. Ова е филозофијата што ги држи Албанците како заложници, затворете ги очите, преправајте се дека не слушате, а утре продолжете како ништо да не се случило.

По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата ВРЕДИ побара повлекување на кандидатот на НАИ од трката за да се заштити достоинството на процесот. Но, тој одлучи да продолжи, ставајќи го Кичево во нефер позиција и докажувајќи дека за оваа политичка каста, власта е последниот политички кислород.

Ова е последица на политиката која со години сè градеше врз ароганција, лаги и лично пазарење, мислејќи дека секој скандал „поминува за три дена“. За коалицијата ВРЕДИ, како што рековме, јавниот морал не е предмет на преговори. Затоа, сега луѓето од Кичево мора сами да ја донесат пресудата“, велат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност