Керолајн Ливит: Средбата Трамп-Путин не е целосно исклучена

Од:

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не е целосно исклучена, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

„Мислам дека претседателот и целата администрација се надеваат дека тоа би можело да се случи повторно еден ден, но сакаме да се осигураме дека од таа средба ќе произлезе опиплив позитивен резултат“, рече таа на прес-конференција, објави Ројтерс.

Според неа, Трамп не видел доволно акција од Русија кон постигнување мир и сака да види акција, а не само зборови за завршување на војната.

Левит рече дека Трамп е сè повеќе фрустриран и дека од него зависи дали ќе има повеќе санкции против Русија.

Трамп вчера изјави дека ја откажал планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Трамп: САД не преговараат со Иран

ВИДЕО: „Замолчи, замолчи, безборазна“, Трамп збесна и и се развика на новинарка на настан во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Трамп: Ги намалуваме вежбите со Сеул, испраќаме лош сигнал до Ким Џонг Ун