ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот крах на СДС е политичка казна за елитизмот и одлепеноста од народот

Од:

СДС на локалните избори доживеа фијаско. Крахот на СДС, на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев се должи на ароганцијата и е последица на одлепеност од реалноста и реалните проблеми на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колапсот на СДС е директна последица на структурите и раководството кое е одлепено од реалноста и секојденвието на обичниот човек, додека народот секојдневно се бори со предизвиците кои тие ги создадоа додека беа на власт и 600.000 граѓани живееа со 150 денари на ден, Венко Филипче и неговиот гуру Заев се луксузираа на скапи јахти, градат хациенди и стекнуваат милионски имот.

Таквата ароганција ја донесе партијата на историско дно. СДС едвај освои 126.000 гласа на советнички листи што е најслаб резултат до сега. Со само 230 советници заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ 2,5 пати а во споредба со 2021 СДС изгуби над 110.000 гласачи и речиси 170 советнички места.

Фијаското да е уште поголемо СДС падна на трето, четврто и петто место во некои општини како Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Македонски Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје.

СДС доживеа дебакл и во бастионот Струмица и тоа во прв круг. Во вториот круг СДС ќе доживеат уште поголем пораз.

Овие се најкатастрофалните резултати на СДС, Филипче и раководството, а бројките јасно покажуваат дека Венко Филипче нема кредибилитет да води партија а уште помалку да биде лице на опозицијата. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција а не опозиција која молчи, е компромитирана и безлична.

СДС треба да се разбуди, да превземе одговорност и да започне сериозни реформи доколку сака повторно да е релевантна политичка сила. Резултатите на локалните избори за СДС не се само пораз туку аларм пред политички распад и исчезнување од политичка сцена“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?