Накитот што беше украден од Лувр е проценет на околу 88 милиони евра

Од:

„Една од најголемите потера по луѓе во француската историја“ е во тек, како што ја опишуваат експертите, по дрската кражба на крунските скапоцености од Лувр.

Специјална полициска единица од 100 членови работи на истрагата и се води „трка со времето“ за да се пронајдат бесценетите предмети, пишува Скај њуз.

Накитот што беше украден од Лувр во Париз сред бел ден е проценет на околу 88 милиони евра, објавија денес париските обвинители.

Во неделата, четворица крадци украдоа девет предмети од познатиот париски музеј додека беше отворен за посетители, а еден од украдените предмети е фрлен и пронајден на местото на настанот.

Париските обвинители ја доверија истрагата на специјализирана единица позната како BRB, која често се занимава со кражби од висок профил.

Поранешен офицер кој служел во единицата открива дека токму BRB ја водеше истрагата за грабежот на Ким Кардашијан во 2016 година, кога бандата провали во нејзиниот стан во Париз, ја врза и избега со накит вреден околу 6 милиони долари.

Паскал Шкудлара, поранешен член на единицата, објаснил дека BRB има околу 100 агенти, од кои повеќе од десетина се специјализирани за кражби во музеи. Истражителите ги прегледуваат видео снимките, телефонските записи и форензичките докази и разговараат со информатори.

Експертите веруваат дека само мал круг криминалци е способен да изврши таков дрзок грабеж и дека тие веројатно веќе ѝ се познати на полицијата.

Експертот за кражба на уметнички дела, Ентони Аморе, за Скај њуз изјави дека сторителите „веројатно се европска криминална банда“.

Би можело да ве интересира

Кои се најпознатите грабежи на музеи во последните 50 години?

А1он

Најпознатиот музеј во светот е затворен: Крадци на скутери и со моторни пили украдоа накит

Горан Наумовски

На „Богородица“ запленет златен и сребрeн накит проценет над половина милион денари

Спречен шверц на златен и сребрен накит на ГП Богородица