Директорката на музејот Лувр во Париз си поднесе оставка

Од:

Директорката на парискиот музеј Лувр, Лоранс де Карс, поднесе оставка неколку месеци по грабежот на накит од една од најпосетените галерии на светот.

Таа ја доставила оставката до претседателот Емануел Макрон, кој ја опиша како чин на одговорност.

Грабежот се случи на 19 октомври во утринските часови кога крадците со помош на механички лифт упаднале во галеријата „Аполон“ и избегале со плен вреден 88 милиони евра.

Четворицата крадци се уапсени, но осумте парчиња украден накит досега не се пронајдени.

Неколку дена по шокантниот грабеж, Карс призна дека безбедносните камери во периметарот на Лувр биле слаби и застарени, а единствената камера што го следела надворешниот ѕид на Лувр каде што крадците упаднале, не била насочена кон балконот што водел кон галеријата „Аполон“.

И покрај огромниот број посетители на музејот, повеќе од 8,7 милиони годишно, инвестициите во безбедноста се бавни и Карс ги истакна буџетските предизвици со кои се соочуваат големите институции.

Карс, која стана директорка во 2021, рече дека сака да го удвои бројот на безбедносните камери.

Би можело да ве интересира

Една година по грабежот во Лувр нема трага од украдениот накит вреден 100 милиони долари

А1он

Измама со билети вредни милион долари во познатиот Лувр

Горан Наумовски

Париската полиција откри голема измама во музејот Лувр

Уште не се опоравија од грабежот, во „Лувр“ нова катастрофа

А1он

Лувр ги зголемува цените на билетите за туристите кои не се од ЕУ за 45 отсто

Уапсен уште еден осомничен за грабежот во Лувр

А1он