Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

Од:

Во пожар што избувна синоќа во дрвена станбена зграда во Новосибирск загинаа четири лица, од кои три беа жени и еден маж, а тројца повредени се хоспитализирани, објавија денес руските медиуми.

– Во петок, во 23.48 часот по локално време, избувна пожар во трикатна дрвена зграда изградена во 1941 година. Четиринаесет единици противпожарна опрема беа распоредени за гаснење на пожарот, соопштија локалните власти, објави РИА Новости.

Според окружниот оддел за Цивилна заштита и вонредни состојби, дваесет и шест жители на изгорената зграда се евакуирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он