Двајца патници загинаа кога автобус што се движел од Сремска Митровица кон селото Јарак во Србија се превртел.
Според првите информации, има и десетина повредени, јавува дописникот на РТС.
Несреќата се случила во 14:45 часот.
Повредени лица доаѓаат во болницата во Сремска Митровица, беше потврдено од таа институција.
Полицијата и екипите за итни случаи се на местото на настанот.
Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот.