Песков: Испораката на американските ракети „Томахавк“ во Украина ќе доведе до ново ниво на ескалација на конфликтот

Од:

Испораката на американските ракети „Томахавк“ во Украина би можела да доведе до квалитативно ново ниво на ескалација на конфликтот, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Прашањето за „Томахавците“ постојано се поставува. Руската страна, претставена од рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, многу пати ја направи оваа проценка (за ескалација). Ова би бил многу значаен чекор кон квалитативно ново ниво на ескалација. Нашата позиција тука е кристално јасна и е добро позната и на Вашингтон и на Киев, изјави Песков за новинарите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека е на пат да донесе одлука за евентуална испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина, но дека прво сака да разбере како режимот во Киев има намера да ги користи, додека Путин нагласи дека употребата на ракетите „Томахавк“ од страна на Киев би ги оштетила односите меѓу Русија и САД и дека употребата на овие ракети во Украина не би била можна без директно учество на американските трупи.

Би можело да ве интересира

Куделка: Кремљ ќе провоцира конфликт за да ја провери реакцијата на Алијансата

Ескалација на рускиот напад во Одеса

Путин: Светот влегува во период на зголемени безбедносни закани

Вашингтон: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина

Путин: Русија била и останува неразделен дел од глобалниот економски систем

Медведев: Пашинјан ја турка Ерменија по патот на Степан Бандера