Јакимовски: Лукровски злоупотребил национални чувства за лична промоција

Од:

Излегуваат на виделина нови докази дека кандидатот Сотир Лукровски извршил груба измама на јавноста и злоупотреба на националните чувства на македонските граѓани, наведува кандидатот за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во изјава за медиумите.

„Според официјалните податоци од Facebook Page Transparency, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities“ – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија.

Но, само неколку месеци подоцна – на 25 април 2025 година, истата страница го сменила името во „Sotir Lukrovski / Сотир Лукровски“ и била претворена во лична политичка платформа.

Со овој потег, Лукровски ја изманипулирал јавноста и ја искористил љубовта кон татковината за да стекне следбеници и да гради политичка кариера на грбот на македонскиот патриотизам.

Станува збор за срамна злоупотреба на национални симболи и чувства, во која една страница создадена за љубов кон Македонија била претворена во политички инструмент за лична промоција и манипулација. Граѓаните имаат право да знаат дека зад слоганот „Бесконечна убавина“ стоела бескрајна измама, рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

(ВИДЕО) Лукровски: Решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг места во Карпош