Левица – Аеродром најавува изградба на ново општинско јадро во просторот кај старата касарна

Од:

Левица – Аеродром најавува изградба на ново општинско јадро во просторот кај старата касарна, место што ќе стане вистински симбол на современ и народен Аеродром!, се вели во соопштението од Левица.

„Во овој нов урбан комплекс ќе биде изграден голем парк со плоштад, модерна урбана опрема и простори за одмор и дружење како зелена оаза за сите генерации! Наместо сегашната ситуација каде што општината плаќа кирија од 12.000 евра месечно на Фатмир Етеми, ќе изградиме нова, сопствена општинска зграда, транспарентна, достапна и во служба на граѓаните. Покрај тоа, ќе биде изграден и Младински културен центар како простор каде младите ќе можат да создаваат, да се дружат и да ја развиваат културата и уметноста во Аеродром. Време е општината да престане да плаќа на тајкуни и да почне да инвестира во народот, во младите и во иднината“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски