Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија

Од:

„Чест е да се присуствува на овој ден во Куманово, кога славиме годишнина од антифашистичкото ослободување на Македонија. Нас не водат идеалите на нашите претходници кои речиси голораки успеале да се ослободат од фашистичкиот окупатор, во една немилосрдна борба која траела со години, но сепак на крај нашиот народ се впишал во редот на слободарски народи“, изјави Амар Мециновиќ, од собирот на граѓани во Куманово каде присуствуваше заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Во своето обраќање тој истакна дека во НОБ Македонија ја ослободиле работниците и земјоделците, а не великопоседниците и додаде: „Така ќе биде и сега! Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија, а оваа генерација е подготвена да ја преземе таа задача, затоа што ние немаме веќе што да изгубиме.“

Според него 30 години македонскиот народ робува на едни исти интереси кои ги кројат судбините и ни ги уништуваат животите на луѓето, а овој празник е дополнителен поттик за борбата која е веќе оправдана, а целта е конечно ослободување на Македонија и сите нејзини граѓани.

На новинарско прашање што очекува на претстојните избори Мециновиќ одговори:

„Можеме да порачаме дека влегуваме во втор круг, енергијата е очигледна и Левица се факторизира како втора најсилна партија во Македонија! Ние сме подготвени да ја преземеме таа задача, како што ја преземавме и во парламентот. Година и половина ја имаме таа улога на најсилна опозициска партија, само сега цела Македонија тоа треба да го види!“

За периодот после изборите истакна дека се подготвени уште пожустро да се борат против владините погубни политики. „Знаете дека се задолживме седум милјарди евра и резултатот го гледаме околу нас. Едно големо ништо. Против деструктивната власт ќе се бориме уште посилно, а сметаме дека ќе имаме позитивни резултати“, истакна Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он