МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило „бмв х3“ без регистарски таблички.

Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с. Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3“ без регистарски таблички.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Разбојници запреа транспортно возило и украдоа два милиони евра

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Грабеж во Приштина: Вооружени разбојници сакаа да ограбат возило кое пренесуваше пари

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица